Published: Friday, August 18, 2017 13:03
Повеќе од 400 луѓе загинаа, а 600 се исчезнати во катасторфалните поплави што ја погодија Сиера Леоне, соопштија претставници на Црвениот крст.
-Денеска броиме 400 мртви, изјави за новинарите во Женева претседателот на Меѓународниот Црвен крст и Црвената полумесечина Елхаџ Ас Си.
Како што пренесува АП досега се пронајдени телата на 409 загинати. Поплавите и одроните ја зафатија престолнината Фритаун во понеделникот.
Спасувачките екипи и натаму трагаат по исчезнатите и стравуваат од нови одрони.
Владата ги предупреди жителите да се евакуираат од планинските делови, каде се отворила голема пукнатина во земјата.
Според прогнозите и следните денови ова подрачје ќе биде погодено од поројни дождови.




