Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стилски вовед на Баерн, еврогол на гостиварецот Мехмеди (Видео)

0
By Нова ТВ on August 19, 2017 СПОРТ
Фото: bundesliga.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 19, 2017 00:12

Баерн Минхен со стил влезе во новата сезоната во Бундеслигата и уште во воведниот меч покажа зошто важи за прв фаворит за титулата. Сметка за бледите партии на Баварците во подготвителниот период плати Баер Леверкузен кој го положи оружјето на „Алијанц арена“. Тимот на Карло Анчелоти славеше со 3:1 во меч што го одбележаа дебитантите.

Себастијан Руди и Никлас Суле кои беа тандем на Хофенхајм во ланската сезона, овојпат проработеа во дресот на Баерн М. уште во деветтата минута. Руди нафрли, а Суле со глава го совлада Бернд Лено за водство на домашните. Девет минути подоцна нова причина за еуфорија на трибините. Најскапо платениот француски фудбалер во историјата на германското првенство, Корентин Толисо зголеми на 2:0 по мешаницата во гостинскиот казнен простор.

https://www.youtube.com/watch?v=7OuK8jr-UTU

Второто полувреме во Минхен почна со 15 минутно задоцнување поради силен дожд што, сепак, не ги олади Баварците. Кусо по враќањето на терен постигнаа и трет гол на што претходеше консултација на главниот судија со ВАР технологијата. Влечењето на Арангуиз на Левандовски остана незабележано од Тобијас Штилер кој по прегледување на видео снимка од моментот, сепак, покажа на белата точка. Полјакот го изнуди, Полјакот и ја презеде одговорноста за изведување на најстрогата казна. И не погреши за убедливи 3:0.

Се што „фармацевтите“ успеаја да сторат до крајот на мечот беше евроголот на Адмир Мехмеди во 65 минута.

Мечот на „Алијанц арена“ во Минхен започна со едноминутен молк во чест на жртвите во терористичкиот напад во Барселона.

Бундеслига, 1 коло

Баерн Минхен – Баер Леверкузен 3:1

Утре играат

Хофенхајм – Вердер (15,30 ч.)

Херта – Штутгарт

Хамбургер – Аугсбург

Мајнц – Хановер

Волфсбург – Борусија Дортмунд

Шалке – Лајпциг (18,30 ч.)

Недела

Фрајбург – Ајнтрахт Франкфурт (15,30 ч.)

Борусија Менхенгладбах – Келн (18 ч.)

Адмир Мехмеди Баер Леверкузен Баерн Минхен Бундеслига
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.