Бројот на загинатите од минатонеделните напади во Барселона и Камбрилс се искачи на 15, изјави каталонскиот министер за внатрешни работи Хоаким Форн.
На прес-конференција Форн соопшти дека последнат жртва од тој напад е маж, пронајден избоден во возило, за кое се верува дека го користел еден од напаѓачите, кој побегнал од таму.
Во меѓувреме, потрагата на полицијата по возачот на комбето е проширена низ цела Европа.
Шпанската полиција соопшти дека е идентификуван возачот на белото комбе кој минатата недела влета во маса луѓе на познатата туристичка улица Ла Рамбла во центарот на Барселона.
-Се укажува дека возачот бил Јунес Абујакуб, објави денеска полицијата додавајќи дека се трага по Мароканец на 22 годишна возраст, во целата земја и во странство.




