Француското обвинителство ја исклучи можноста нападот во Марсеј, кога комбе влета на луѓе на две автобуски станици, да е акт на тероризам.
Според најновите проценки, во прашање е психијатриски, а не терористички случај, велат од Обвинителството.
-Нема никакви докази кои би укажале дека во прашање е терористички напад, велат од Обвинителството и додаваат дека кај уапсениот возач е прокај уапсениот возач е пронајдено писмо во врска со некоја психијатриска клиниканајдено писмо во врска со некоја психијатриска клиника.
Осомничениот кој во инцидентот уби едно лице и повреди неколкумина е роден 1982 година има француско државјанство и не им е познат на разузнавачките служби туку само на локалната полиција за ситни кражби, носење оружје и поседување дрога.
Француските медиуми пренесоа дека околу 100 дополнителни полицајци се распоредени во одделни квартови на Марсеј.
Инцидентот се случува неколку дена по нападите во Барселона и камбрилс во Шпанија, за што одговорноста ја презеде Исламската држава.
Во Франција се уште се свежи сеќавањата на терористичките напди пред две години во кои настрадаа 239 лица и поради што е воведена вонредна состојба. Последниве недели мета на напади на возачи се луѓе на јавни места.
Осумгодишно девојче загина нма 14 август кога во близина на Париз автомобил влета во пицерија. Во овој инцидент повредени се шест лица, кој според Обнинителството е намерен чин, но нема врска со тероризам.
Пред тоа, на 9 август Алжирецот Аму Банлетреш со возило влета во војници во близина на Париз и повреди шестмина. Овој напад се случи 4 дена по обидот за напад врз војници во близина на Ајфеловата кула.




