Published: Monday, August 21, 2017 20:52
Шпанската полиија го застрелала Јунес Абујакуб, главниот осомничен во терористичкиот напад во Барселона – пренесе „BBC“.
Полицијата верува дека тој беше возач на комбето кое влета во народот на туристичката улица Лас Рамблас и смртно прегази тринаесетмина и повреди повеќе од стотина.
Тој е убиен на повеќе од 40 километри од Барселона, во близина на бензинска станица.
Абујакуб, кој носел појас со лажен експлозив извикал „Алах е голем“.
Експерти за отстранување на експлозив отишле на местото на настанот и со помош на робот го испитале појасот со експлозив кој бил лажен.
Жителите од околината велат дека забележале 20 полициски автомобили како се движат кон местото, а имало и хеликоптер кој кружел околу.




