https://www.youtube.com/watch?v=y2c2BLYaZgE
Две лица загинаа во земјотресот што доцна синоќа го зафати италијанскиот остров Искија, во близина на Неапол. Спасувачките екипи трагаат по две деца кои останале под урнатините на една куќа, јавуваат италијанските медиуми.
Земјотресот со јачина од 4 стеопени според Рихтер се случил на длабочина од 10 километри.
Како што пренесува агенцијата АНСА, повредени се 39 лица, од кои едно потешко. Многу од зградите во туристичкото место се урнати, а островот е без струја, објави весникот Кориере.
Најтешка е ситуацијата во Казамочола, каде спасувачите се обидуваат да извлечат неколкумина од под урнатините.
По главниот потрес, следувале уште 15 потреси. Бројните туристи ја минаа ноќта на улиците или во автомобилите, додека чекале ред да се вратат на континенталниот дел на Италија.
Евакуирана е и локалната болница поради оштетувања, а во земјотресот уништена е и една црква.
-Загрижени сме бидејќи голем број од куќите претрпеа големи оштетувања. Земјотресот овде многу силно беше почуствуван, изјави претставник на локалната власт на Казамичола.
Според локалните власти евакуацијата на туристите не била приоритет во текот на ноќта, туку пронаоѓање на преживеани и извлекување на преживеаните од под урнатините.








