Published: Tuesday, August 22, 2017 22:41
Четиринаесет годишното момче кое стана популарно на Твитер, откако објави видео како танцува на популарната песна Макарена, на улица во Саудиска Арабија, е уапсено од властите – пренесува „BBC“.
Тинејџерот е повикан на распит откако бил обвинет за „несоодветно однесување во јавност“ во Џеда, се вели во соопштението.
Не се знае која е неговата националност и дали ќе биде формално обвинет од јавниот обвинител.
Видеото од танцот на момчето, можете да го погледнете на следниот линк. Видеото првично било објавено во јули, минатата година.




