Published: Wednesday, August 23, 2017 10:43
Во водите кај Копенхаген е пронајдено обезглавено женско тело со отсечени екстремитети, соопшти данската полиција, нагласувајќи дека по извршената идентификација било утврдено дека станува збор за шведската новинарка Ким Вал.
– ДНК анализата покажува дека телото е на Ким Вал, наведува полицијата.
Обезглавеното тело било пронајдено од велосипедист кој случајно минувал оттука.
Данската полиција пред неколку денови соопшти дека Вал, која се води како исчезната од 11 август кога интервјуирала сопственик на една подморница, починала во несреќа која се случила на пловниот објект.
Сопственикот на подморницата Петер Мадсен, како што е соопштено, го фрлил нејзиното тело в море.




