НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: „Излези и ти“ иницира говор на омраза и ксенофобија

2
By Нова ТВ on August 23, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ предупредува дека денешниот напад врз новинарската екипа на порталот НОВА ТВ додека известуваше од местото на собирање потписи пред трговскиот центар „Бисер“ во скопската општина Аеродром во организација на иницијативата „Излези и ти“ е потврда дека оваа иницијатива „со своите постапки многу лесно може да доведе до разгорување на говорот на омраза, имајќи во предвид дека ваквиот говор врз основа на етничка припадност и статус на бегалец е веќе широко распространет во Македонија“.

-Како што сме посведочиле во минатото, ваквото разгорување на говорот на омраза неизбежно води кон насилство и други кривични дела од омраза кои се исклучително опасни и разорувачки за сите општества, особено за мултиетничко и мултикултурно општество како нашето, се вели во соопштението.

Според Хелсиншкиот комитет лицата кои денеска физички ја нападнаа новинарската екипа се претпоставува дека се организатори или тесно поврзани со организаторите на инцијативата.

-Во таа смисла, упатуваме на тоа дека правото на собирање на граѓаните и реализацијата на граѓанските иницијативи од каква било природа во никој случај не смее да се остварува на начин со кој се загрозува остварувањето на слободата на информирање на граѓаните, односно слободата на известување на новинарите и медиумите, велат од Хелсиншки.

Тие апелираа до Министерството за внатрешни работи итно да го испита нападот на новинарската екипа, но и блиску да го следи развојот на собирањето потписи низ државата бидејќи сметаме дека тие организирани настани претставуваат безбедносен ризик што кулминираше и во денешниот говор на омраза изразен и вообличен во инцидентот  во општина Аеродром. Посочуваат и дека и Владата на РМ со „Планот 369″ за итни реформски приоритети, си зема за обврска да ги расчисти случаите на напади извршени врз новинари.

– Неспорно е дека граѓанските иницијативи мора да бидат дозволени и непопречувани од страна на државните органи, но ниту една граѓанска иницијатива не смее да биде поставена врз дискриминирачка основа кон одредени ранливи групи граѓани, без оглед дали се тие македонски државјани или странци, ниту пак смее да се служи со антигонизирачки и дискриминирачки јазик насочен кон ранливите групи во општеството какви што се бегалците од завојуваните подрачја во Сирија и околните земји.

Досегашното дејствување на оваа граѓанска иницијатива оди на линија на газење по темелните права и отворена дискриминација кон бегалците, и се повикува на непроверени информации и тенденциозни шпекулации кои немаат допир со реалната фактичка состојба, но кои можат да влијаат особено деструктивно од аспект на разгорувањето на говорот и насилството од омраза, се вели во соопштението од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.