Published: Thursday, August 24, 2017 20:20
Осум луѓе се водат како исчезнати после лизгањето на земјиштето во југоисточна Швајцарија, според полицијата – пренесува „BBC“.
По инцидентот во долината која е популарна меѓу планинарите, следуваше евакуација на село во регионот Вал Бондаска, велат властите.
Германски, австриски и швајцарски граѓани се пријавени како исчезнати, според соопштението на полицијата.
Во тек е спасувачка акција во која се вклучени хеликоптери опремени со инфрацрвени камери и технологија за пронаѓање на сигнал од мобилни телефони.
Во копнената потрага вклучени се 120 спасувачи со кучиња кои бараат прежвеани од лизгањето на земјиштето кое се случи во средата.




