Published: Friday, August 25, 2017 11:43
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ноќеска доживеал сообраќајна несреќа во Варшава, но не е повреден.
Според информациите на ТВН24 несреќата се случила кога полицискиот автомобил што бил претходница на колоната со Столтенберг се судрил со камион, пренесува порталот Индекс.
Четворица се повредени и пренесени во болница, а според информациите на странските медиуми Столтенберг не е меѓу нив.
Порталот Индекс ги пренесе сведочењата на свои читатели кои биле на самото место, според кои меѓу повредените се од придружбата на Столтенберг и пешаци и дека барем три возила се оштетени.
Генералниот секретар на НАТО е во посета на Полска на баталјонот на Алијансата кој е под американска команда во оваа земја.




