Published: Friday, August 25, 2017 19:25
Ураганот Харви може да биде најлошото невреме кое ќе го погоди Тексас во последниве 12 години – пренесува „BBC“.
Харви кој во моментов е во втора категорија невремиња во Мексиканскиот Залив, се очекува да го погоди централниот брег на Тексас доцна вечерва или рано наутро.
Националниот урагански центар известува дека невремето може да донесе поплави кои ќе бидат опасни по животите на луѓето во и околу Хјустон.




