Премиерот не одговара на прашања
Вчера во Хамбург премиерот Никола Груевски ги презентираше можностите за инвестирање пред 30 германски комании. Во поканата упатена до бизнис заедницата во овој германски град било предвидено по презентацијата на премиерот на бизнисмените да им биде овозможено да постават прашања на теми релевантни за нивните бизнис интереси како потенцијални инвеститори во Македонија.
За жал, како што дознава НОВА по презентацијата премиерот не им ја дал ветената можност на бизнисмените да добијат лично од него одговори за прашања кои ги засегаат. Бизнисмените на презантацијата не добиле објаснување зошто не е остварена сесијата на прашања и одговори која била предвидена во програмата испратена до бизнис заедницата во Хамбург заедно со поканата за присуство на презентацијата.