НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Телефонот на Младенов не е пронајден, смртта била несреќа

0
By Сашка Цветковска on July 10, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Нема докази дека сообраќајната незгода во која настрада новинарот и основач на неделникот „Фокус“ е резултат на сторено кривично дело. Со ова денес јавното обвинителство ја окфалификува смртта на Младенов како несреќен случај.

На долгата прес конференција на која присуствуваа Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, шефицата во скопското јавно обвинителство Гордана Гешковска и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, се поставуваа многу прашања, а на голем од нив новинарите не добија одговори.

Гешковска рече дека смртта настапила по пукање на аортата, но не знаеше кога точно настапила смртта и на новинарката која праша и посочи дека било вообичаено да не се знаат такви детаљи.

-Судска медицина не само во овој, туку и во многу други случаи не може да го утврди точното време на настапување на смртта, рече Гешковска.

На прашањето на новинарот дали тоа значи дека нема ни време кога точно се случила несреќата, Гешковска рече дека единствено може да се каже дека смртта настапила ноќта помеѓу 26 и 27 Март.

Обвинителството разговарало само со сопругата на Никола Младенов, Билјана Младенова, а биле проверени и телефонските листи од неговите разговори тој ден. Последен пат разговарал од Трнодол и Капиштец во 16 45.

Не биле испрашани вработените на патарините кај Велес, бидејќи обвинителството сметало дека нема потреба, а снимки од камерите немало затоа што, според обвинителството, камерите на тој автопат не работеле или не биле поставени.

Едно од прашањата на кои инсистираа новинарите беше каде е телефонот на Младенов. Гешковска демантираше дека Младенов бил лоциран по телефонот, но исто така, рече дека кај него и на местото на несреќата не бил пронајден телефонот.

Во горното видео НОВА ви го прикажува излагањето на обвинителството пред јавноста за деталите од истрагата за смртта на Никола Младенов, а во второто видео подолу можете да ги слушнете новинарските прашања и одговорите на Гешковска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.