Владата ќе ја укине уредбата со која се ограничува увозот на пченица од Србија.
Минстрите од српската и македонската влада, Расим Љаиќ и Љупчо Димовски се договориле да го решат проблемот со кој на македонските трговци им се наметнува обврската за килограм увезена пченицан да мораат да купаттри килограми домашна а за килограм брашно , четири килограми домашна пченица.
Станува збор за договор со кои треба да се укине уредбата за ограничување на увозот на пченица. Нема да има потреба од наша страна да воведуваме реципроцитетни мерки, изјави српскиот министер Љаиќ по средбата со Димовски во Скопје.