Published: Monday, August 28, 2017 09:51
Мирните протести во Сан Франциско вчера прераснаа во насилни откако неколку илјади анархисти облечени во црно ги прескокнаа полициските барикади и напднаа неколку поддржувачи на Трамп кои одржуваа протести под мотото “Не за марксизмот во САД“.
Полицијата соопшпти дека 14 се приведени, шестмина с еповредени, од кои двајца се во болница.
Претходно овој протест повеќепати беше откажуван поради опасност од насилство.
Тензиите во САД особено се подигнаа по настаните во градот Шарлотсвил, каде се судрија фашистите и расистите и нивните противници, а особено контроверзната изјава на претседателот Доналд Трамп кој не ги осуди промоторите на расистичката идеја за надмоќност на белата раса.





