Published: Monday, August 28, 2017 11:48
Повеќе од 100 лица се примени во болница во Британија поради хемиски инцидент на брегот на Сасекс, јавува Би-би-си.
Плажата „Берлинг гап“ вечера е евакуирана откако голем број луѓе пријавиле дека имаат тешкотии при дишењето и иритација на очите, по што, како што рекле, се појавила магла.
Болницата во Истборн соопшти дека на лекување се примени 133 лица, а полицијата вели дека истрагата е во тек за причините за појава на „хемиската магла“.
Од полицијата велат дека „маглата“ дошла од морето, но тоа треба да биде потврдено.




