Published: Monday, August 28, 2017 23:02
Повеќе од еден тон чист кокаин е запленет на пристаништето Монтреал, соопштуваат од канадската полиција – пренесе „CBC news“.
Вредноста на дрогата на црниот пазар е проценета на околи 60 милиони канадски долари, односно 40 милиони евра.
Кокаинот бил сокриен во контејнери на еден брод, додава полицијата, наведувајќи дека се пронајдени одредени количини дрога и во магацините на пристаништето Монтреал.
Тројца Канаѓани се соочуваат со обвинение поради поседување и превоз на дрогата.




