Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова нуклеарна провокација од Пјонгјанг- итна седница во ОН

2
By Нова ТВ on August 29, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 29, 2017 08:49

Советот за безбедност на ОН денеска попладне ќе одржи итен состанок за Северна Кореја по барање на Токио и Вашингтон, откако Северна Кореја утринава истрела ракета која прелета над Јапонија.

Претходно лидерите на САД и на Јапонија се договорија „да го зголемат притисокот врз Северна Кореја“, посочи јапонскиот премиер Шинзо Абе.

По лансирањето на ракетата, државниот секретар на САД Рекс Тилерсон и јужнокорејската министерка за надворешни работи Кан Кион-хва се согласија да разгледаат построги санкции против Северна Кореја, се наведува во соопштение од Сеул.

Јапонското Министерство за одбрана смета дека ракети, како оние кои беа денеска истрелани од Северна Кореја можат да стигнат до територијата на тихоокеансикиот остров Гуам, каде има воени објекти на САД, изјави министерот за одбрана Ицунори Онодера, пренесува ТАСС.

Според јапонските власти, истреланата ракета прелетала близу 2.700 километри, на висина до 550 километри и паднала во Тихиот Океан. Јапонското Министерство за одбрана смета дека станува збор за ракета со среден дострел, веројатно „Хвасон-12“.

Портпаролот на јужнокорејската претседателска администрација, соопшти дека по лансирањето на ракетата од Северна Кореја борбени авиони на Сеул извршиле вежба со фрлање на бомби на воен полигон.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап цитира неименуван извор од администрацијата на јужнокорејскиот претседател, според кој, Пентагон ја разгледува можноста да распореди стратешки сили на Корејскиот Полуостров.

Според дипломатски извори, Советот за безбедност на ОН има можности да наметне нови санкции на Пјонгјанг. Нафтениот сектор, на пример, беше исклучен од последните санкции наметнати во почетокот на август.

Сепак, експертите наведуваат дека е дискутабилна примената и ефикансноста на санкции, кои имаат за цел да ја седнат Северна Кореја на преговарачка маса, со оглед на тоа дека официјален Пјонгјанг постојано изнаоѓа начини за да ги заобиколи санкциите.

Во саботата, од Северна Кореја беа лансирани три ракети со краток дострел, во море, испукани од нејзиниот морски брег.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.