Голема брана во предградието на Хјустон, почна да претекува, откако ураганот Харви го надмина нејзиниот капацитет, велат властите од Тексас – пренесува „BBC“.
Инженерите се обидуваа да го спречат поплавувањето на околните населби, со испуштање вода преку браната Адикс, но Џеф Линднер кој е задолжен за контрола на поплавата вели дека сега нивото на резервоарот е надминато.
Харви му донесе големи поплави на Тексас, а сега почнува да и влијае и на Луизијана.
Неочекуван дожд принуди илјадници луѓе да ги напуштат своите домови во околината на Хјустон, додека спасувачите трагаат по оние кои се уште не се извлекле од поплавата.
Најмалку девет лица се пријавени како мртви, од кои шестмина членови на едно семејство чие комбе се превртело во налетот на поплавата и маж на возраст од шеесетина години кој очигледно се удавил додека се обидувал да доплива до безбедно место.




