Американскиот претседател Доналд Трамп е во посета на Тексас, откако државата беше погодена од ураганот Харви – пренесува „BBC“.
Тој и неговата прва дама Меланија Трамп слетаа во градот Корпус Кристи кој беше прв погоден од ураганот во петокот.
– Невремето што се случи беше од епски размер. Но знаете што, се случи во Тексас, а Тексас може да се справи со сè – рече Трамп пред малкубројната публика.
Вонредна состојба е прогласена во Тексас и во блиската Луизијана, каде што се очекува Харви да пристигне утре изутрина.
Во меѓувреме, музичката ѕвезда Бијонси која потекнува од Хјустон, понуди помош за настраданите.
-Постојано се молам за оние кои се погодени и за спасувачите кои се храбри и одлучни да направат толку многу за да помогнат – изјави Бијонси.
Бијонси која е изрсната во Хјустон е особено горда на своето потекло и тоа го нагласува често во нејзините песни.





