Комесарот за човекови права на Обединетите нации Зеид Раад ал Хусеин денеска посочи дека навредливите зборови од американскиот претседател Доналд Трамп кон новинарите можат да ги поттикнат и охрабрат приврзаниците за напади кон одредени заедници, објави Ројтерс.
-Трамп се гледа себеси како уништувач на табуа. Ова може да има последици – да ги охрабрува оние кои мислат на многу сличен начин, да ги заострат своите напади. Да претпоставиме дека новинар настрада заради некоја од овие организации. Не сноси ли претседателот одговорност, рече ал Хусеин.
Трамп, минатата недела во говорот во Аризона во стилот на капмања, го бранеше својот одговор во врска со протестот во Вирџинија на поддржувачите на расистите и фашистите и ги критикуваше медиумите за покривањето на насилствата на колеџот Вирџинија во Шарлотсвил, нарекувајќи ги новинарите “нечесни луѓе”.
-Навистина е неверојатно кога ќе помислите дека слободата на печатот, кој не е само камен-темелник на американскиот Устав, туку нешто многу повеќе, нешто што САД го бранеше со години, сега е цел на напад од претседателот. Тоа е неверојатен пресврт. И на крајот, ова е многу опасно “, изјави ал Хусеин на прес-конференцијата во Женева.




