Пет постапки за разрешување на судии се одложени на неопределено време, бидејќи Судскиот совет ќе чека мислење од Антикорупциска дали во време на распишани локални избори може да разрешува судии.
Предметите се комплетирани и од Советот за факти и од Судскиот совет, но не се знае кога ќе се одлучува дали судиите кои се опфатени во постапките ќе бидат разрешени или иницијативите ќе бидат отфрлени.
– Постапките се уште не се започнати бидејќи не може во еден ден да биде разрешен судијата. Потребнио е да биде помината цела една постапка со повикување на судијата, тој има право да си ангажира и адвокат, да достави докази, потоа има седница и расправа па дури потоа се донесува одлука за прифаќање на иницијативата или за отфрлање не може никако на една седница оваа постапка да се заврши – рече претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, по денешната седница.