Published: Wednesday, August 30, 2017 20:19
Како да немаше доволно причини за грижа, од организациите за животна средина, предупредуваат дека во поплавените подрачја има алигатори – пренесува „Fox News“.
Луѓето не се единствените кои бараат повисоки површини за да ја избегнат водата, па така алигаторите може да се видат по улиците, тротоарите и во близина на куќите.
Сопствениците на „Гејтор кантри“, локална атракција со алигатори која е погодена од поплавите, се загрижени дека доколку нивото на водата продолжи да расте, алигаторите кои се 350 на број, би можеле да избегаат во околните населени места.




