Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Две децении од смртта на „Кралицата на срцата“

0
By Нова ТВ on August 31, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 31, 2017 12:29

https://www.youtube.com/watch?v=qrDeKKv8LSE

Велика Британија денеска одбележува 20 години од трагичната смрт на принцезата Дијана во сообраќајна несреќа во Париз 1997 година, која се случи ноќта меѓу 30 и 31 август во уличен тунел во Париз, бегајќи од папараците. Две децении подоцна, смртта на како што ја нарекуваа „Кралицата на срцата“ и натаму има многу непознати и предизвикува многу контроверзи, кои одат до таму што ги вклучуваат и британсиките разузнавачки служби, па дури и кралското семејство.

Нејзини почитувачи и обожаватели утринава оставаат цвеќе, фотографии и лични пораки пред капијата на Кенсингтонската палата.

– Членовите на британското кралско семејство вклучувајќи ја и кралицата Елизабета Втора не планираат да учествуваат во каков било јавен комеморативен настан за одбележување на годишнината од смртта на принцезата, изјави претставник на Бакингемскта палата.

Сепак принцовите Вилијам и Хари вчера ја посетија Белата градина, меморијален центар посветен на нивната мајка, принцезата Дијана. Ним во прошетката по Белата градина им се приклучила војвотката од Кембриџ, како и претставници на хуманитарните организации со кои таа соработуваше и ги поддржуваше.

Со Дијана загинаа и нејзиниот животен сопатник Доди ал-Фајед и возачот Анри Пол.

Несреќата ја преживеа телохранителот Тревор Ресе-Џонс, додека Дајана почина четири часа подоцна во болница.

Околу еден часот наутро, информацијата за несреќата преку амбасадорот стигнала и до палатата во Шкотска каде биле поранешниот сопруг на Дајана, принцот Чарлс и неговата мајка кралицата Елизабета Втора.

Погребот се одржа на 6 септември. Три милиони луѓе излегоа на улиците на Лондон, а преносот го следеа три милијарди луѓе.

„Свадбата на векот“ на која Лејди Дијана Спенсер и принцот Чарлс се заколнаа на вечна љубов, се одржа на 29 јули 1981 година.

Стапувањето во брак на 20-годишната Дијана и 32-годишниот член на кралското семејствоја следеа 750 милиони лица преку тв екстаните, додека над 600.000 луѓе ги преплавија улиците во Лондон за да ја видат новата принцеза.

Во декември 1992 година официјално беше објавено дека принцезата Дијана и принцот Чарлс се разделуваат, што воопшто не беше шок за јавноста, бидејќи години наназад медиумите објавуваа детали за афери од двете страни кои го туркаа во бездна нивниот брак.

Принцот Чарлс јавно призна дека имал афера со поранешната љубов и сегашна сопруга Камила Паркер, но дека ја обновил романсата само откако неговиот брак со Дијана бил непоправливо разрушен.

Во ниту еден момент од животот Дијана не ја занемари хуманитарната дејност. Неуморната принцеза постојано посетуваше болници и училишта, се залагаше за подигање на свеста за болести како сида и лепра и се интересираше за безброј хуманитарни организации кои работеа со бездомници, зависници, млади и стари лица. Во последната година од животот, Дијана активно ја поддржуваше Меѓународната кампања за забрана на нагазни мини, којашто доби Нобелова награда за мир неколку месеци по смртта на принцезата.

Таа во светот на модата важеше за модна икона. Во текот на својот живот, Дијана се појави на три насловни страници на модната библија „Вог“, а нејзина фотографија беше на насловната страница и неколку месеци по смртта. Легендарниот фотограф Патрик Демаршелие ја имаше честа да ја овековечи убавината на модната икона од кралското семејство.

Бура од реакции во Велика Британија предизвика појава на Лејди Дајана, 20 години по нејзината смрт. Во филмот со документарни записи таа прави скандалозни откритија за кралското семејство, сексуалниот живот со Чарлс и неговите изневерувања со Камила.

Филмот беше емитуван на британскиот Четврти канал и покрај многуте обиди на заинтересираните да биде запрен.

Исповедта на Дајана е пред нејзиниот педагог Питер Сетeлен направена во почетокот на 90-тите години на минатиот век.

Принцезата Дијана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.