НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТМ: Груевски и Ставревски да не ја дезинформираат јавноста

0
By Нова ТВ on July 11, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Месец јуни беше исполнет со многу активна економска пропаганда од страна на премиерот Никола Груевски и министерот за финансии Зоран Ставрески погрешно интерпретираат три прашања и ја дезинформираат македонскста јавност за прашањето за економскиот раст, за степенот на задолженост на државата и за невработеноста, се вели во најновиот извештај на Транспарентност Македонија.

„Фалбите на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески дека додека европската економија е во рецесија и со негативна стапка од 1,2%, македонската економија, во првиот квартал од 2013 г., има позитивен раст од 2,9%, од стручен аспект, се скандалозни. Ваквите компарации меѓу македонската економија и економиите на најсилните земји членки на ЕУ, Германија и Франција, се несериозни и претставуваат популистичко искривување на фактите за реалните состојби во македонската економија“ информираат од ТМ.

„Имено, Ставревски зборува за првиот квартал од годината, а го прескокнува фактот дека
во месец мај се забележа пад на индустриското производство за 2,8%, а вработеноста, во истиот сектор, остана непроменета. Исто така, во секторот трговија, прометот во месец април забележа намалување, при што во трговијата на мало со храна, пијалоци и тутун има реално намалување од 17,1%, а во трговијата на мало (освен трговијата со горива), реалното намалување е 9,2%.

– Ова доведе до намалување и на буџетските приходи и до пораст на буџетскиот дефицит, кој во мај се зголеми за дополнителни 19 милиони евра и на крајот од мај достигна 202 милиони евра, со тенденција за понатамошен пораст. Ова не може да се случува доколку земјата има засилена економска активност и остварува позитивен економски раст. Тоа упатува на индикации за сериозни проблеми во македонската економија и за несериозно интерпретирање на економските факти во јавноста.

– Второ, континуираниот раст на јавниот долг го отвора проблемот на висината на јавниот долг, но многу повеќе и проблемот на интензитетот со кој долгот се зголемува. Според информаците од Министерството за финансии, јавниот долг на Владата во мај достигна 34,2% од БДП, или 2 милјарди и 731 милиони евра, што преставува највисоко ниво на задолженост до сега. Според проценките содржани во последниот извештај на ЕК, Македонија оваа година ќе заврши со јавен долг од 34,3%, а во 2014 тој ќе се искачи на 36,1% од БДП. И некои реномирани меѓународни институции истакнуваат дека во Македонија состојбата со јавниот долг е алармантна.

– Трето, тврдењата дека намалувањето на невработеноста во Македонија се должи на новите инвестиции и отварањето на нови работни места се, просто кажано, невистинити. Имено, во првиот квартал на 2013 г. вработеноста незначително се зголемила – како што, впрочем, и во претходните години бележеше незначителен пораст – што е спротивно на сите економски логики, бидејќи земјата беше во рецесија, но стапката на невработеност брзо се намали под 30%. Ова покажува дека оние лица што претходно се воделе како невработени во Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ), не се вработиле, туку добиле некој друг статус и се избришани од евиденцијата на невработени во АВРМ, алармираат од Транспарентност Македонија.

ТМ ги повикува премиерот Груевски и министерот за финансии Ставревски да престанат да ја дезинформираат македонската јавност во врска со економските состојби во земјата, бидејќи македонските граѓани се тие кои, во крајна инстанца, ќе треба да ги вратат долговите што ќе ги остави оваа власт зад себе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.