НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Офицерскиот дом во Битола во фокусот на АКТО

0
By Нова ТВ on August 31, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фестивалот за современи уметности АКТО, оваа година, по дванаесетти пат ќе се одржи на 1 и 2 септември во Битола, а во фокусот на настаните ќе биде иницијативата за ревитализирање на еден од најзначајните културни споменици во градот – Офицерскиот дом.

– Овој културен белег на градот со вековна традиција, веќе долго време е оставен на немилоста на времето, затворен за граѓаните и без соодветен третман од надлежните институции. Токму затоа, акцентот на активностите на фестивалот АКТО ќе биде ставен врз реактуелизирање на темата за потребата од заживување на Офицерскиот дом во Битола и негово враќање во функција на културата и граѓаните – најавуваат од АКТО.

Клучниот настан на ова издание на фестивалот ќе биде јавната дебата, под мотото „Каков Офицерски дом ни треба?“, која ќе се одржи на 2 септември во дворот на Офицерскиот дом, со почеток во 12 часот.

На дискусијата покрај министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, ќе присуствуваат и пратеници од Собранието на РМ, претставници од локалната самоуправа, експерти за културно наследство, како и повеќе организации и индивидуалци од Битола кои низ годините се залагале за одбрана и враќање на Офицерскиот дом во функција на јавно добро. Дискусијата ќе биде од отворен карактер, па битолчани ќе можат да ги искажат своите ставови по прашањето пред претставниците од државните институции.

Покрај дебатата за Офицерскиот дом, како и секоја година фестивалот за современи уметности АКТО ќе понуди разновидна програма која вклучува многу изложби, работилници за музичари, програма за деца, перформанси,  концерти и DJ настапи, кои ќе се одржат на неколку локации во Битола и тоа  во дворот на Офицерскиот дом, во мезе – бар Јагода, Магаза Битола, Задруга Артикултура и кафе бар Радост.

Здружението за уметност и култура ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/Скопје, кое го организира АКТО, е замислено како отворена едукативна и продукциска платформа во полето на современата уметност и култура, со фокус на култивирање на критичко, ангажирано и активно учество на граѓаните во политичкиот, општествен и уметнички контекст во различни средини.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.