НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нефрон:Јавниот повик за дијализа отвара простор за сомнеж

0
By Менче Атанасова Точи on July 11, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението на бубрежно болни, Нефрон, смета дека Јавниот повик со кој центрите за дијализа се даваат под концесија е нетранспарентен и отвара основа за разни сомневања.

Во своите забелешки кои им ги испратиле на Министерството за здравство потенцираат дека е индикативен фактот што повикот не е објавен ниту во еден дневен весник или портал, а рокот од 30 дена и одредени одредби се многу чудни и отвараат простор за сомнеж.

Здружението воопшто не било вклучено ниту консултирано во подготовката на Јавниот повик со кој центрите за дијализа се даваат под концесија на 20 години, а со тоа се дефинира нова стратегија во нивното лекување.

НОВА дојде до забелешките кои во Министертсвото биле испратени пред две недели, но на нив до денес не им е одговорено. Здружението смета дека со овој повик се фаворизираат правни и физички лица, а меѓународните компании со големо искуство кои се производители на опрема за дијализа се ставаат во подредена положба.

Тие предупредуваат дека вака како што се поставени работите со дефинирање на разни специфичности, површини на филтри, раствори и друг потрошен материјал се фаворизираат одредени производители, а целиот проект отвара можност за сомнежи.

Особено според нив е индикативна одредбата со која компанијата која ќе добие на повикот е обврзана да склучи договор со два производители, од кои едниот ќе набавува апарати, друг раствори и слично.

-Нефрон неможе да прифати ниту дел од одговорноста од евентуалните последици поради непружената можност од страна на Министерството конструктивно да учествуваме во изготвувањето на проектот и да го го дадеме својот придонес се вели во писмото со забелешки кои беше испратено до надлежните во здравството.

Иако побараа пролонгирање на рокот за да се изнајде решение за забелешките од болните, Министерството по брза постапка го заврши Јавниот повик на кој добија двете македонски фирми Орка Холдинг и Метрополитен кои понудиле највисока цена. Тие во наредните 20 години ќе стопанисуваат со дијализата во државата, а фондот ќе биде купувач на здравствени услуги.

Од Министертвото за здравство не одговорија дали одговориле на забелешките на Здружението Нефрон и доколку не одговориле зошто не се земени во обзир нивните забелешки, како и зошто не биле вклучени во изготвувањето на Јавниот повик.

На огласот на Министерството за здравство беа доставени пет понуди од гигантот Фризениус Медикал, Орка Холдинг АД Скопје, Метрополитен ДООЕЛ Скопје , АД Д-р Пановски и СИЗ Вита дијализен центар-Тетово

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.