Во најголем дел прашањата на одбраната, односно на адвокатот Миодраг Вујиќ кој го застапува Тито Петковски се одбивани, односно тужителот се противел на прашањата на одбраната во најголем дел, а судијата ги прифаќал приговорите на тужителот.
Тито Петковски во својот исказ изјави дека премиерот е човек што не трпи навреди, а своите јавни говори ги користи да навреди други луѓе. Тука судијата го прекинал Тито со образложение дека тоа не е предмет на судењето и треба да се зборува само за предеметот на тужбата – се однесува на изјавата за неделен Фокус на Петковски дека премиерот Груевски се согласил за промена на името.
Премиерот Груевски побарал од Петковски 15 000 евра за нанесување душевна болка.
Премиерот претходно во судницата ги отфрли тврдењата на Петковски со зборовите:
Судење Груевски vs Петковски- тужба за промена на името
– Овие невистини ги доживеав многу емоционално, со чувство на загриженост и внатрешен немир од можноста ова тврдење да биде прифатено – и само мал дел од мојата потесна и поширока средина, дека јас сум прифатил промена на името.
Се очекува пресудата за процесот да биде донесена денес.
Петковски оваа недела во интервју за НОВА изјави дека очекува да ја добие тужбата од Груевски.