НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Професори од Институтот за македонски јазик против законот за јазици

0
By Нова ТВ on September 4, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Седумнаесет професори и доктори на науки од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ испратија петиција до Собранието со што бараат да биде повлечен Предлог -законот за употреба на јазиците кој веќе влезе во собраниска процедура и за кој собраниската расправа ќе започне на 13-ти овој месец.

Со новиот предлог закон се излегува од рамката на Рамковниот договор и со негово евентуално донесување ќе треба повторно да се менува Уставот, се вели во петицијата. Поттсписниците сметаат дека се целосно имплементирани одредбите од Рамковниот договор што се однесуваат на употреба на јазиците. Освен тоа, велат дека во меѓународната комуникација ќе се воведе и алабанскиот јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

-Со овој предлог закон македонскиот јазик станува еден од службените јазици во РМ, со што го губи својството на официјален јазик на којшто ќе комуницираат сите етникуми во РМ, а тоа не се само Македонците и етничките Албанци, туку и Турците, Ромите, Власите, Босанците, Србите, што претставува нивна дискриминација. Исто така, се излегува од формулата „јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните“ и се изделува само албанскиот јазик како таков, наспроти останатите јазици што се зборуваат во РМ, сметаат од Институтот.

За нив е спорно и формирањето Инспекторат за употреба на јазиците, предвиден со овој предлог закон, со што според нив албанскиот јазик се издига над сите останати јазици, вклучително и македонскиот, кои немаат посебна агенција и инспекторат со вакви надлежности.

Сметаат дека прашањето за употреба на симболи на книжините и кованите пари, како и на поштенските марки, ознаките на униформите на полицијата, пожарникраството и здравството не треба воопшто да биде регулирано со закон за употреба на јазиците.

Потпишаните професори бараат подолга подготовка во обработка на материјата и поширока јавна дебата во врска со употребата на сите јазици.

 

закон за употреба на јазиците Институт за македонски јазик петиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.