НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Ровер“: 12 години затвор за Љубе Бошкоски

0
By Сашка Цветковска on July 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Љубе Бошкоски е осуден на 12 години затвор, судот го прогласи за виновен дека како министер за внатрешни работи во тоа време му дозволил на сега веќе починатиот Орце Коруновски да нарача убиство за Тушевски.

При читањето на пресудата атмосферата во целата судница излезе од контрола.

Бошкоски му се обрати на судијата: „Кај ги виде доказите, како те купија , ова е политички процес, бандо криминална“.

Потоа Бошковски им се обрати на чуварите: Носете ме, јас овде нема што да правам повеќе.

Присутните роднини со плачење и негодување ја слушаа пресудата, а полицајците ги исфрлија од судницата сестрите на Љубе Бошковски.

Судијата имаше голем и долг вовед пред да ја објави пресудата, во кој нагласуваше дека просецот е праведно воден.

Невладините, граѓанските асоцијации и адвокатите кои го следат случајот коментираат дека ова звучи како оправдување.

За овој случај обвинети се 15 лица, првите четворица, кои се наведени како извршители и еден од нив организатор, Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ се во бегство.

Судот на четворица им изрече доживотна казна затвор. Двајца од обвинетите добија по осум години затворски казни, еден доби десет, а други двајца – шест години затвор.

>>„Ровер“: Потресно во судницата – излагање на завршни зборови

Одбраната на обвинетите во текот на судењето реагираше и во неколку наврати изјави дека истражните органи воопшто не ги искористиле правните процедури и не ги пронашле првообвинетите.

>>САД: Власта се пресметува со неистомислениците

Марјан Тушевски и Кире Јанев беа убиени на 10-ти јули 2001 година. кога излегувале од кафулето „ЗУ” во скопската населба Капиштец. Прво со 11 куршуми беше убиен Тушевски, а потоа напаѓачите пукале и кон Киро Јанев кој се обидувал да избега. За овој случај одговараат 15 лица, а четворица од нив се во бегство.

>>Семејството на Тушевски бара отштета од 5,4 милиони денари

Бошкоски во затворот „Идризово” ја издржува петгодишната затворска казна за нелегално финансирање на изборната кампања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.