Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тензии и лелеци: како се читаше пресудата за Љубе

0
By Сашка Цветковска on July 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 12, 2013 15:54


„Платеници, злосторници, како не ви е срам“, беа првите извици на Љубе Бошковски во моментот кога судијата му ја соопшти пресудата од 12 години затвор за прикривање на убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев од 2001 година.

„Те гледам, се плашиш. Колку те платија? Бандо криминална, ова не судница, ова не е судење, ова е политички процес„, извикуваше Љубе Бошковски додека судијата бледо седеше на столот и се обидуваше да ја смири атмосферата во судница.

Сестрите на екс-министерот Бошковски кои ,исто така беа гласни, во еден момент беа и исфрлени од судницата. Нервозни, гласни и расплакани беа и другите роднини и блиски на осудените.

Сопругата на Зоран Трајковски кој доби 8 години затвор во еден момент не можеше да се воздржи.

„Каде ќе ви одат душите? Срамота, еден ден и вие ќе седите на овие клупи, да знаете,“ извикуваше сопругата додека нејзиниот син плачеше покрај неа.

На крајот на судницата седеа роднините на Гоце Митровски, инспекторот кој остана запаметен по емотивните завршни зборови од минатото рочиште. Додека ја чекаа пресудата постојано се држеа за рака со синот, кој потоа, ја тешеше мајката која гласно плачеше.

Емотивно беше и надвор пред судот, каде старите и не многу подвижни родители на Трајковски чекаа да слушнат абер за пресудата. Очекувано, гласот за 6 години затвор за синот го примија во шок.

>>„Ровер“: 12 години затвор за Љубе Бошкоски

>>„Ровер“: Потресно во судницата – излагање на завршни зборови

>>САД: Власта се пресметува со неистомислениците

>>Семејството на Тушевски бара отштета од 5,4 милиони денари

Внатре во судницата камери беа дозволени само на почетокот на судењето. Кусите кадри ги доловија нервозните лица на обвинитетите и нивните семејства кои чекаа да чујат дали животот во наредните години ќе ги проведат во затворот Идризово. Но, камери немаше да го снимат емоциите при читањето на пресудите или пак, нервозното и бледо лице на судијата Илија Трпков кому на моменти му се тресеа и рацете.

Трудејќи се да ја одржи сталоженоста, судијата Трпков најпрво даде долг вовед во кој објаснување дека „тешко било да се донесе“ оваа пресуда, а при тоа постојано објаснуваше дека „инсистирал и се трудел судењето да биде фер, а јавноста, како медиумите, ОБСЕ и другите меѓународни организации да бидат постојано присутни“. Дури и забележа дека неговиот труд судењето да биде такво какво што го опиша бил толку очигледен што „луѓе надвор од судницата го пресретнувале и го прашувале зошто тој толку инсистира се што е кажано да влегува во записниците до најмал детаљ“, алудирајќи на неговата дури, невообичаена за праксата, транспарентност.

Ако зборовите како „платенику“ и „злосторнику“ го дочекаа судијата Илија Трпков внатре во судницата, надвор пред судот, овие кфалификации расплаканите роднини на осудените и ги упатија на обвинителката Лидија Раичевиќ-Вучкова, која обезбедувана од неколку припадници на специјалните единици Алфи иташе кон белиот џип со затемените стакла со кој се превезува.

Роднините уште долго по изрекувањето на пресудата останаа пред влезот на Основниот суд 1.

Љубе Бошковски е осуден без материјални доказни, врз база на исказите на заштитениот сведок и други сведоци.

„Љубе Бошковски беше учесник во прикривање на нарачано убиство што се утврди со вербални докази, односно исказите на заштитениот сведок ФФ 15 и други сведоци“, рече судијата Илија Трпков кому ова му е прв голем случај, а претходно беше овластено лице за односи со јавноста во основниот суд 1.

Четворицата првообвинети Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милодраг Ковачевиќ за кривично дело убиство беа осудени на доживотен затвор, а Вук Вукичевиќ за помагање во дело нарачано убиство е исто така осуден на доживотна казна. Првообвинетите кои се државјани на Србија во моментов се во бегство.

За истото кривично дело Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ добија по 8 години затвор. Судот за Зоран Трајковски пресуди 10 години затвор, за Никола Негриевски и за Гоце Митровски по 6 години. За Милан Спасовски, Едвард Фишер, Благоја Димитриевски, Горан Петровски и Бранислава Стојчевска судот го отфрли обвинението по барање на обвинителката поради немање доволно докази.

Бошкоски веќе издржува казна затвор од пет години за случајот „Кампања“ од 2011 година кога беше осуден за нелегално финансирање на изборната кампања, а приведен точно еден ден по одржувањето на парламентарните избори од 5 јуни.

Марјан Тушевски и Кире Јанев беа убиени на излегување од кафулето „ЗУ” во скопската населба Капиштец во 2001 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.