Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Законот со ништо не го загрозува македонскиот јазик

0
By Нова ТВ on September 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 6, 2017 15:18

На денешното продолжениe на расправата за предлог законот за употреба на јазиците на Комисија за европски прашања, пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов рече дека предложениот закон ќе донесе хомогенизација, мир и стабилност во меѓуетничките односи.

– Никој и со ништо нема да ја ограничи употребата на македонскиот јазик со предложениот закон за употреба на јазиците, ниту тоа ќе се случи со било кој друг јазик што е во употреба во Република Македонија, рече Шилегов.

Крајно неодговорно е, како што посочи, да се тврди дека во Берово, во Виница, во Делчево ќе дојде до ограничена употреба на македонскиот јазик.

– Одговорни луѓе кои што одлучиле својот живот да го посветат на политиката мора да имаат визија за сопствената држава и да креирааат процеси за стабилност и политичка благосостојба во следните дваесетина години, рече Шилегов и повика да се поддржи Законот за употреба на јазиците.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајловска-Старова реплицирајќи му на пратеникот Весел Мемеди од НДП, рече дека цело време ги спомнуваат само Албанците. Во контекст на тоа праша каде се другите етнички заедници во овој Предлог-закон.

Според неа, со овој закон нема да се намали, туку ќе се продлабочи јазот меѓу етничките заедници, затоа што ова законско решение им дава право само на Албанците.

Пратеникот Мемеди на седницата даде предлог да се смени Уставот и сите граѓани да уживаат еднакви права.

– Ако вие како ВМРО толку се грижите за другите етнички заедници, да ги смениме Уставот и унитарниот карактер на државата и да бидат еднакви сите граѓани. Ајде да го смениме Уставот и сите граѓани така ќе бидат рамноправни, додаде Мемеди.

Според него, никој не треба да се плаши од законот за употреба на јазиците.

– Станува збор за универзално право и не треба да се сее страв дека државата ќе се распадне ако се усвои овој закон, рече Мемеди.

Расправата за предлог-законот за употреба на јазиците започна вчера во Комисијата за европски прашања а за него ќе има општа расправа до завршувањето на работниот ден во четврток. Потоа тој ќе се најде пред пратениците на пленарна седница по што ќе се врати во Комисијата на второ читање.

Опозицијата, како што најави вчера пратеникот и координатор на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, планира неколку амандмани за како што рече тој, да се расчистат уставните аномалии.

закон за употреба на јазиците Комисија за европски прашања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.