Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

In Between? Потрага по локалните стории во европски погранични премини

0
By Нова ТВ on September 6, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 6, 2017 16:13

Пограничните предели се како леќи – преку нив може да се погледне целата историја на Европа во XX-иот век.

Како изгледа ова преплетување на локалната и европската историја во случајот на Преспа, во македонско-албанско-грчкиот пограничен регион? Одговорот на прашањето ќе го истражува  меѓународна група студенти, кои преку разговори со локалното население и посета на меморијалните објекти, ќе се обидат да дознаат повеќе за регионот на нивната студиската посета. Посетата ќе се одржи од 18. до 25. септември, и е дел од образовниот проект за истражување на европските погранични предели „In Between?”, организиран и реализиран од страна на Европската Мрежа Сеќавање и Солидарност.

„Идејата на проектот е учесниците, студенти од цела Европа, да се запознаат со скорешната историја на граничните предели во Европа. Преку усната историја и директен контакт со локалното население, што сметаме дека е најдобриот теоретски и методолошки пристап кон овие региони, учесниците ќе имаат можност да дознаат повеќе за маргинализираните подрачја, да соберат податоци и подоцна да ги споредат и запишат“, вели координаторот на проектот Наум Трајановски.

Учесниците исто така ќе имаат можност да изработат краток филм за време на нивната студиска посета, што ќе биде премиерно прикажан на завршната конференција во Берлин во декември.

Одбраните учесниците ќе ги посетат, меѓу другите места, Љубојно, Подмочани, Ресен, Мала Преспа, Битола, Лерин и Корча. Учесниците ќе се остварат средби со локалното население и претставници на локални организации во наведените места, ќе имаат можност да разговараат за минатото, да скенираат фотографии, документи, писма, да се запознаат со семејните архиви и да ги забележат спомените на информантите. Конечно, да најдат одговор на прашањето како мултикултурната и мултиетничка историја влијаела на создавањето на локалните идентитети.

Во оваа едиција, група од 21 студент ќе има можност да учествува на интензивни подготовки и работилници од областа на етнологијата, усната историја, видео и аудио снимање и архивирање во Варшава, по што ќе се оди на четири студентски посети. Граничните предели кои ќе се посетат годинава се Преспа, албанско-црногорското гранично подрачје, унгарско-романското и шпанко-француското (Каталонија).

„Во однос на Преспа, сметаме дека регионот е исклучително интересен од аспект на политичката историја, историјата на миграции, но и сеуште живата културна и економска меѓугранична размена“, дополнува Трајановски.

Европската Мрежа Сеќавање и Солидарност (ENRS) е меѓународна иницијатива фокусирана на истражување, документација и споделување на знаења за европската историја и начините на комеморација на 20. век, со особен акцент на периодите на диктатура, војна, и јавната опозиција на политичката репресија. Земји-членки на ЕНРС се Германија, Полска, Словачка, Унгарија и Романија, а членови-набљудувачи се Австрија, Чешка и Латвија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.