Published: Wednesday, September 6, 2017 20:23
Ураганот Ирма уништи згради и предизвика голема поплава во неколку француски острови во територијата на Карибите – пренесува „BBC“.
– Четири од насјтабилните згради во Сент Марин, кои беа делени меѓу Франција и Холандија, се уништени – соопшти францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Коломб.
Значителна штета има и во германскиот дел.
Ураганот во категорија пет, има ветрови кои може да достигнат брзина до 295 километри на час.
Најмоќното атлантско невреме во последната деценија, првин ја погоди Антигуа и Барбуда, а потоа се насочи кон Сент Мартин и Сент Бартелеми – француската туристичка дестинација позната како Сент Барт.





