Published: Thursday, September 7, 2017 19:10
Претседателот на Косово, Хашим Тачи, денеска му го додели мандатот за формирање влада на Рамуш Харадинај.
– Го прифатив предлогот на победничката коалиција на изборите, која обезбеди мнозинство гласови во Парламентот, за одредеување мандатор за формирање нова влада. Врз основа на моите уставни надлежности мандатот му го врачив на Рамуш Хараднај, што беше предлог на оваа коалиција – напиша Хашим Тачи на Фејсбук.
Новата влада ќе ја сочинуваат партиите од коалицијата ПАН (Демократската партија, Алијасата за иднината на Косово и Иницијатива за Косово), Алијасата за Ново Косово, Српска листа, како и Турската партија, која е дел од пратеничката група на немнозинските етнички заедници.
Гласањето за новата влада ќе биде в сабота.




