Published: Thursday, September 7, 2017 21:47
Принцот Џорџ пристигна на неговиот прв училишен ден придружуван од неговиот татко, Војводата од Кембриџ – пренесува „BBC“.
Неговата мајка ја пропушти оваа прилика поради утрински мачнини од нејзината бременост.
Четиригодишниот принц оди во подготвителното училиште „Томас Батерси“ во југозападен Лондон. Школарината за една година во ова училиште изнесува 18.000 фунти.




