НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Баланс МК: Агенцијата за лекови итно да ги провери инсулините

2
By Менче Атанасова Точи on September 8, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија – Баланс МК,  бара од Агенцијата за лекови итна детална проверка и вонредна инспекциска контрола по однос на набавка, транспорт и чување на инсулините во Македонија. Тие веќе оствариле средба со директорот Роберт Бекировски на кого му изнеле долгогодишните проблеми со инсулините.

„Со оглед на зачестената појава на “нефункционалност“ на инсулините во изминативе три години, особено во периодите август – ноември, Асоцијајацијата за детски дијабетес Баланс МК, како и мнозинството други здруженија на дијабетичари изразуваат отворен сомнеж во квалитетот на набавка, транспорт и складиштење на инсулините што фирмите набавувачи (“Зегин“, “Елбиор“, “Пановски“, “Фарматрејд“ и “Феникс“), како и фирмите складиштари и транспортери, кои им ги нудат за користење на лицата со дијабетес во Република Македонија. Станува збор за 40.000 лица инсулин-зависни во државата.

Во тој смисол, Баланс МК бара од Агенцијата за лекови при Министерството за здравство на РМ, согласно постоечките законски прописи кои децидно ги нормираат условите за набавка, транспорт и чување на лековите (во конкретниот случај – инсулинот), да се извршат ИТНО детални проверки и вонредни инспекциски контроли по однос на следните точки:

– Проверка од каде се набавува инсулинот и, да се обезбеди гаранција дека инсулинот бил соодветно чуван до моментот на превземање од страна на увозниците;

– Проверка на на сите температурни исписи од дата-логери во рамки на т.н. студен ланец на транспорт;

– Проверка на температурни записи на складиштење на овој лек со компаративна проверка согласно законската обврска на чување и документирање на температурни записи во изминатиот неколкугодишен период (5 години според Законските прописи и регулативи).

Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија – Баланс МК, која ги застапува правата на речиси 5.000 лица и деца со дијабетес тип 1, како директно засегната од квалтитетот и начините на набавка, транспорт и чување на инсулините, исто така, бара од Агенцијата за лекови  да овозможи при изведувањето на бараните контроли присуство и на свој претставник со цел конечно демистифицирање на оваа појава“, се вели во барањето на Баланс МК, упатено до Агенцијата за лекови.

Во Македонија има околу 180 000 луѓе со дијабетес, од кои 40 000 се зависни од инсулин. Тие во изминатите години освен со честиот недостиг на инсулини, се соочуваа со пад на квалитетот при што поголем дел од пациентиоте тврдат дека инсулините не делуваат како што треба. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.