Премиерот Зоран Заев по посетата на затворот Идризово најави дека едно од решенија е законот за амнестија, тема која, како што рече, е веќе отворена, веќе неколку невладини организации имаат отворено дебати, а Народниот правобранител и Министерството за правда имаат свои мислења.
– Ќе го отвориме ова пред самите институции да можат да ја донесат одлуката соодветно на она што меѓународната пракса го познава, истакна Заев и порача дека е убеден и знае оти мора да се тргне кон оваа постапка која, според него, со ваквата бројка на затвореници и услови не е конечно решение.
Заев изрази увереност дека Владата и Парламентот се подготвени за брзо решавање на лошите и нехумани услови во затворите.
За ова се заложи и Здружението за истражување, анализи и развој „Зелена лупа“, кое потсети на бројните извештаи на меѓународните институции кои укажуваат на хоророт во македонските затвори.