НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од среда, во МСУ ќе биде поставена изложбата „Македонска разгледница“

0
By Нова ТВ on September 11, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 13 септември (среда) од 14:00ч ќе биде отворена изложбата со наслов Македонска разгледница со делата на Борка Аврамова, Димитар Манев, Танас Луловски како и на многу други значајни уметници. Куратот на оваа изложба е Марика Бочварова Плавевска.

Музејот ја продолжува серијата на студиски изложби поврзани со неговата колекција, повторно со потполно музеолошки пристап, но и со авторско видување.

Изборот на темата како проблемски агол на изложбата е всушност издвоен сегмент што е карактеристичен дел од компликуваниот систем на различни медиуми, во кој содржината ја следи генезата што е во знакот на благи, односно основни назнаки.

Идејатата е да се укаже на некои референци на подрачјето на отсликување на глетката, но и на општиот амбиент во Македонија. Почетокот е во знакот делата на основоположниците на модерната кај нас, па натаму. „Разгледницата“ како конститутивна содржина во овие уметнички дела во кои таа се појавува како сложен комплекс на визури, симболи и значења едноставно се допираат до повеќекратните критички области што ги спроведуваат теоретските ескурзии низ историјата на современата уметност, почитувајќи ги редовно задолжителните естетски категории, но и оние што декларативно се оддалечуваат од нив.

Насловите на селектираните примероци сами по себе често ја иницираат темата на изложбата, истовремено отвораат можност да се додаваат конотации произлезени од нивниот визуелен впечаток, помалку или повеќе врзан за конкретната реализација. Деталите искористени како клучни предлошки ги третираме и како реперни инсерти, посебно кога статусот на делото во различен степен се поставува во улога да се игнорира локалниот традиционализам, да се опфати во широки рамки, со намера да се отвори релаксираниот однос кон светот.

Концептот на изложбата се наоѓа во рамките на зборот „разгледница“. Таа е разбрана како општ поглед на нешто определено – некој град, некое подрачје, некој пејзаж. Третманот на конкретниот мотив мора да биде чин на избор на нешто што се претставува себе и реферира кон презентација на нешто што е пошироко од него, а тој, избраниот мотив, е репрезентација на она поширокото од него. Поради тоа „разгледницата“ мора да биде некаква „збиена“ општа претстава. Нејзината структура е применета во масовните медиуми како елемент на „слаткиот свет на желбите“, но со оваа изложба се сакаше да се покаже дека ваквата нејзина особеност – особеност да кондензира некакви претстави и односи – може да послужи и во презентации од поинаков карактер.

Македонска резгледница МСУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.