Во современото општество постојат бројни дилеми околу корисноста на млекото во секојдневната исхрана. Сепак, според бројните истражувања од страна на угледни професори и институции, млекото и млечните производи се од огромно значење на исхраната на човекот. Масните киселини, кои се главна компонента на липидите од млекото имаат позитивни ефекти на здравјето. Млекото е исклучително важна храна затоа што покрај останатото содржи и значителен извор на калциум и фосфор, кои се неопходни за изградба на коските. Недостатокот на калциум може да доведе до појава на остеопороза.
Млекото и млечните производи се важен дел во синџирот на урамнотежена исхрана за сите возрасти на луѓето поради хранливите вредности и разновидноста во составот кој има многу добар ефект на здравјето (www.mypyramid.gov).
Позитивните ефекти на млекото и млечните производи врз здравјето меѓу останатото се и следните:
– Исхраната со млеко и млечни производи помага во изградбата и одржување на коскената маса во текот на животот и на тој начин го намалува ризикот од појава на остеопороза.
– Консумирање на млеко и млечни производи е посебно важно за деца и млади, затоа што во тој период од животот се гради коскената маса.
– Оброкот кој вклучува млеко и млечни производи вообичаено има поголеми хранливи вредности во однос на оној кој не содржи.
Во денешно време, потребите на современите семејства се повеќе раснат и стануваат специфични и хетерогени. Во суштина, потребно е да се пронајде соодветен производ кој ќе има прифатлива цена, квалитет, достапност и разноликост која одговара на различните потреби, а тоа во суштина може да биде млекото. При изборот на квалитетно млеко, значајно е да се знае неговото потекло. Млекара Здравје Радово на своите потрошувачи им нуди 100% млеко од Македонија преку својот широк асортиман на производи прилагодени на различните потреби. Во процесот на производство се користи внимателно одбрана и строго контролирана технологија и се користат беспрекорно безбедни суровини кои ја гарантираат безбедноста и квалитетот на производите.