Американскиот конгрес едногласно усвои резолуција во која се отфрла национализмот и супремацијата на белците, додека текстот ќе го потпише претседателот Доналд Трамп штом ќе му биде доставен, изјави неговата портпаролка Сара Сандерс.
Резолуцијата е осмислена да биде официјална осуда на собирот на екстремната десница во сојузната дрфжава Вирџинија, по кој беше убиена една 32 годишна жена.
Со Резолуцијата се повикува претседателот на САД и неговата администрација јасно да истапи против сите групи кои поттикнуваат расизам, екстремизам, ксенофобија, антисемитизам и надмоќ на белата раса.
Тие ги повикуваат Министерството за правда на САД и федералните агенции да ги употребат сите расположливи ресурси за подобрување на евиденцијата на податоците за злосторствата од омраза и да се занимаваат повеќе со се поголемиот број на овие групи кои шират омраза во САД.
Трамп беше мета на голем број критики поради реакцијата веднаш по нередеите во август во Шарлотсвил бидејќи одговорноста ја префрли на двете страни, не осудувајќи ги директно расистите.




