Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ибраими: Не може да се избира нов член на ДИК, јас не сум разрешен

2
By Нова ТВ on September 14, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 14, 2017 14:33

Членот на Државната изборна комисија Бедредин Ибраими денеска до претседателот на Собранието Талат Џафери доставил барае да се стави вон сила одлуката за објавување јавен оглас за избор на еден член на ДИК.

Собранието вчера ја донесе оваа Предлог-одлука за избор на нов член на ДИК откако претходно беа прифатени измените на Изборниот законик со кој се предвидува составот на ДИК да биде усогласен со составот на Парламентот по последните парламентарни избори. Со тоа се овозможува разрешување на Ибраими кој како член на ДИК е предложен од страна на ДПА и избирање на нов член на ДИК од редот на втората по освоени гласови опозициска партија на последните парламентарни избори БЕСА.

Ибраими денеска на прес-конференција рече дека неговиот мандат не е истечен и дека ќе ги искористи сите правни лекови да докаже дека измените на Изборниот законик се противзаконски. Ова, како што кажа, според него е прва изборна нерегуларност во пресрет на локалните избори закажани за 15 октомври.

Според него,  вчерашната одлука за оглас за избор на член на ДИК е противзаконска. Смета дека за избор на член на ДИК треба да постои реална потреба од тоа, а таква потреба не постои од причина што на ниту еден од веќе избраните членови на ДИК не им престанала функцијата пред истекот на мандатот од пет години сметано од денот на нивниот избор.

– За да ја донесете спорната одлука најпрвин треба да донесете одлука за разрешување на член на ДИК и тоа само ако е исполнет еден од условите утврдени во членот 28 став 1 од Изборниот законик, наведува Ибраими во документот доставен до Парламентот.

Мандатот од пет години, според него, е стекнато право на постоечките членови на ДИК и не може да се одземе со измени и дополнувања на Изборниот законик на, како што наведува, „скандалозен, противуставен и спротивно на вашиот Деловник, без притоа да се побара мислење од Влада и други надлежни органи во однос на основаноста на измените кои ги направивте, како и импликациите во однос на нивно применување во пракса.

Ибраими ова укажување ќе го достави и до Антикорупциската комисија, до Државниот трудов инспекторат и до надлежниот суд со предлог за издавање на времена мерка за запирање на постапката за одлуката на Собранието за објавување на јавен оглас.

Бедредин Ибраими Дик оглас Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.