НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Назад во школо: Лекции по дизајн од светските најпаметни едукативни центри

0
By Нова ТВ on September 19, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лесно е да се занемари изледот на училиштето или универзитетот. Се додека е функционален, она за што родителите се позагрижени се распоредот на часови, предметите, кавлитетот на учењето и резултатите од тестирањата.

Но, начинот на кој едукативните згради се дизајнирани, од училниците во основните училишта, до колективните простори на универзитетските кампуси, може да имаат големо влијание врз учењето.

До толку што, Американскиот институт на архитекти има посебен Комитет за архитектура за едукација, кој е воспоставен да истражува и да ги споделува најдобрите светски учења за архитектурата.

Тие неодамна одбраа 12 иновативни, осмислено дизајнирани училишта за овогодинешните награди за Едукативни просторни дизајни.

Си-ен-ен Стајл разговараше со Џон Дејт, претседателот на Комитетот, за да научи кои се најважните лекции за добар школски дизајн.

Бојата е критична

– Бојата е екстремно важна. Направени се многу истражувања и теории кои покажуваат како одредени бои влијаат стимулативно. Во САД, ние сме поконзервативни во врска со боите, особено во типичните јавни училишта, има мислење дека не треба да има многу светли бои, бидејќи тие ќе ги деконцентрираат децата и ќе ги направат хиперактивни.

Но штом отидете во Европа, ќе видите училишта кои се потполно обоени. Тие се волшебни, ангажирани едукативни опкружувања и не изгледаат како нешто да не е во ред. Па, мислам дека имаме уште многу да учиме.

Внесете ја природата внатре

Ученичките искуства внатре и во природа се многу важни и најефективните учители го разбираат тоа. Тие го користат тоа и бараат од учениците да бидат свесни за нивната околина.

Моторичките вештини и заедничките активности бараат поголеми простори, но ако обезбедите отворени простори кои се приватна територија во склоп на училишниот простор, тогаш на учениците им се овозможува да можат да влегуваат и излегуваат во зависност од училишните активности.

Една големина не им одговара на сите

Денес една големина не им одговара на сите, децата учат на различни начини. Затоа, се уште сме во потрага по различни училишни опкружувања, да крераме различни прилагодувања за училиштата кои ги создаваме, каде учењето може да се одвива ефективно.

Како пример за нешто што може да се направи во релативно мал простор, се вертикалните градини.

 

Глобални принципи, локални градби

Со интернетот и глобализацијата, има универзални принципи за дизајн на училишта. Но, исто така треба да дизајнираме имајќи конкретен простор на ум.  Од таа гледна точка, мислам дека добрите училиша покажуваат регионални разлики кои го вадат најдброто од секоја средина.

 

Дизајнот за посебни потреби е често најдобриот дизајн

Она што треба да го правиме е да учиме од дизајните на училиштата за деца со специјални потреби, затоа што најдобрите што сум ги видел се мошне успешни. Колку повеќе навлезете во тоа, ќе откриете дека создавате простор во кој сите деца би требало да ја следат нивната настава.

Модернизација на училишната околина

Денес, многу од средините кои ги креираме се од 19 век. Тоа се индивидуални училници кои се подредени, тие се навистина дизајнирани да бидат користени на еден начин, но секако тоа не се случува денес.

Децата денес учат на разни начини и имаат пристап до повеќе знаење на рана возраст. Фокусот сега треба да биде на тоа како индивидуално да се истражува ефективно, како да се соработува и поврзува со други дисциплини и да се создаде повеќе персонализирана слика на светот.

Креирајте специјализирани простори

Една од работите на која е интересна за да се размисли е тоа колку време ученикот ќе помине во дадениот простор. Ако помислите на универзитетска околина, најверојатно ќе сфатите дека најиновативни и за паметење се колективните простори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.