Во земјотресот кој го погоди централниот дел на Мексико, загинаа најмалку 49 луѓе во државата Морелос и засега има информации и за паднати згради во Мексико Сити, јавува Би-Би-Си. Аеродромот во главниот град ги прекина операциите по земјотресот со јачина од 7,1 степени, а зградите низ градот се евакуирани.
Пријавен е пожар во неколку згради, а некои луѓе велат дека се заглавени внатре.
Претходно во Мексико, овој месец, силен земјотрес од 8.1 степени остави најмалку 90 мртви.
Епицентарот на земјотресот беше до Атенсинго, во државата Пуебла, околу 120 километри од Мексико Сити, со длабочина од 51 километри, соопшти американското геолошко истражување.
Земјотресот се случи кога во Мексико Сити беше одржана вежба за земјотрес, на 32-годишнината од катастрофалниот земјотрес, во кој загинаа 10.000 луѓе




