Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека САД ќе воведе нови санкции кон Северна Кореја.
Тензиите со Северна Кореја ескалираа во последните неколку седмици со развојот и зачестените тестирања на ракетите на Северна Кореја, кои бележат напредок и покрај огромниот притисок од меѓународната заедница.
– Ќе воведеме нови санкции за Северна Кореја, одговори Трамп одговарајќи на прашања за време на средбата со авганистанскиот претседател Ашраф Гани.
Трамп го привлече вниманието на јавноста со говорот пред Генералното собрание на Обединетите Нации кога кажа дека САД се спремни целосно да ја уништат Северна Кореја доколку бидат загрозени.
Коментирајќи ја мисијата на САД во Авганистан, Трамп рече дека војската на САД повеќе има раководна од борбена улога во таа земја.




