Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување: Децата знаат да читаат, но не го разбираат прочитаното

0
By Нова ТВ on September 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 22, 2017 13:43

Децата од второ и трето одделение во Македонија се вешти при препознавањето на букви и читањето на поврзани зборови, меѓутоа имаат проблем доволно течно да ги прочитаат текстовите за да можат да одговорат точно на прашањата за разбирање, покажува Националната студија за јазична и математичка писменост на децата спроведена во рамките на проектот на УСАИД со „Читање до лидерство“ и Здружението „Чекор по чекор“.

Истражувањето е спроведено на национално ниво во мај 2016 година на репрезентативен примерок од 8.000 ученици на македонски, албански и турски наставен јазик од сите основни училишта во Македонија.

Резултатите од оваа студија покажуваат дека учениците на ниту еден наставен јазик не го постигнуваат меѓународниот стандард да можат да одговорат на 80 отсто од поставените прашања, а вештините за течно читање на краток текст и разбирање на прочитаното не се добро рзавиени. Резултатите на учениците со попреченост се уште позагрижувачки, бидејќи тие многу заостануваат зад своите врсници и се соочуваат со сериозни проблеми.

Според Викторија Димитровска, заменик раководител на проектот, кога станува збор за прашањето разбирање и се влечат факти од текстот на децата им е полесно, меѓутоа кога треба да поврзат информации од различни делови на текстот и дадат свое мислење нашите деца имаат проблем.

– Една од нашите препораки е дека со децата треба повеќе да се вежба читање и тоа не само на училиште, туку и во домот и сите секојдневни ситуации. Да се изнаоѓаат реални ситуации каде децата ќе може го вежбаат читањето и да работат на разбирање, од семејството да им се поставуваат различни видови прашања со кои кај децата ќе се поттикнува да се развива ова разбирање, изјави Димитровска.

Министерката за образование и наука Рената Дескоска, рече дека целта да се подигне рејтингот на Македонија на нивото на меѓународни мерења на степенот на образованието може да се постигне заедно со Министерството, со наставниците, со родителите, со учениците и со поддршка на невладините организации.

– За да постигнеме јазична и математичка писменост потребно е големо вложување и на родителите во процесот на едукација на сопствените деца. Ние разговараме и со Министерството за труд да ја зајакнеме образовната компонента во рамки на предучилишното образование и да го зголемиме опфатот на деца коишто ќе имаат можност да стекнат некакво образование и во предучилишна возраст, изјави Дескоска.

Посочи дека истражувањето направено на 8.000 ученици е за поздравување, а резултатите ќе бидат земени предвид.

 

истражување писменост на децата Рената Десковска УСАИД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.