Британски велосипедист го урна досегашниот Гинисов светски рекорд со тоа што „патот околу светот“, од околу 29.000 километри, го помина со велосипед за помалку од 80 дена.
Марк Бомонт возел по 18 часа на ден, и притоа ги поминал Полска, Русија, Монголија, Кина, Австралија и Соединетите Држави.
Овој Шкотланѓанец, кој во понеделникот го заврши својот велосипедски маратон пред Триумфалната капија во Париз, рече дека едвај одел во текот на тие два и пол месеци.
На деветтиот ден од маратон, паднал и скршил заб и го повредил лактот и поради несреќата речиси се откажал, но одлучил да не се предаде.
– Ме мачеше недостатокот на сон. После недели и недели и долги часови, во главата продолжив да се борам. И мораш да одлучиш дека никогаш нема да запреш, изјави Марк.
Патувањето со велосипед околу светот траеше 79 дена, 14 часа и 40 минути.
Претходниот рекорд го држеше Новозеланѓанецот Ендру Николсон кој во 2015 година овој потфат го оствари за 123 дена.