Published: Tuesday, September 26, 2017 22:00
Кралот Саламан издал декрет за првпат жените во Саудиска Арабија да можат да возат автомобили – објавија тамошни медиуми.
Оваа одредба треба да стапи на сила во јуни 2018 година.
Саудиска Арабија е единствената земја во светот каде им е забрането на жените да возат автомобил.
Групи за граѓански права, со години се бореа да им се дозволи на жените да возат, а некои жени беа затварани поради кршење на забраната.
Во декретот се вели дека ќе се „имплементира во согласност со потребите на шеријатските стандарди“, иако не се наведени детали.




