Неколку големи аеродроми во светот се во целосен хаос, а илјадници патници со часови чекаат во редови, откако откажаа компјутерските системи за пријавување, објави британски Телеграф.
Патниците досега пријавиле проблеми на аеродромите Гетвик во Лондон, Шарл де Гол во Париз, Роналд Реган во Вашингтон, како и на аеродроите во Франкфурт, Сингапур, Јоханесбург и во Цирих.
Проблемот настанал во софтверскиот систем Амадеус Алтеа, што го користат голем број авиопревозници.
Засега не се знае како настанал проблемот, но весникот Дејсли стар не ја исклучува можноста од хакерски напад на софтверскиот систем.
Компанијата која го изработува софтверот во соопштението истакнува дека „забрзано работат на решавање на оваа непријатност и техничарите ги отстрануваат проблемите еден по еден“.





